Ретка колекција на дела на Бенкси на аукција во Њукасл

Роденденски честитки, флаери и рачно насликан натпис за продавницата, дела на познатиот уличен уметник Бенкси, направени пред тој да стане познат во среда ќе бидат понудени на аукција, објави БиБиСи.

Продавачката Ема Хотон, која го познаваше Бенкси пред неговата слава, рече дека споделувањето на нејзината лична колекција значи дека другите ќе ја видат „шармантната и сентиментална страна“ на уметникот.

Делото наречено Holywell Row Happy Choppers на Бенкси, кое беше спасено од фасадата на деловна зграда пред да биде бојосана, е меѓу 11-те дела кои се на продажба.

Happy Choppers е серија на Бенкси која прикажува воени хеликоптери украсени со розови лакови.

Сопственикот на деловната зграда на која беше поставено делото, го сметаше за безбедносен ризик, па го бојоса ѕидот пред да ја продаде зградата „без да спомене дека постои“.

Анонимниот купувач рече дека дознал за уметничкото дело случајно откако ја купил зградата.

Тој рече: „Бевме изненадени кога откривме дека нашата новокупена деловна зграда е платно за уметничко дело од вакво значење.

„Бенкси е вистинска икона на нашето време, неговата уметност е толку важна да се зачува за идните генерации“.

Делото Happy Choppers, кое беше отстрането од ѕидот на делови и сочувано, се очекува да биде продадено по цена од 500.000 до 800.000 фунти кога ќе се најде на аукција.(Мета)

 

Back to top button
Close