Ријад го поздрави договорот за Газа и повика на целосно повлекување на Израел

Министерство за надворешни работи на Саудиска Арабија го поздрави договорот за прекин на огнот во Газа постигнат меѓу Израел и исламистичката група Хамас, истовремено повикувајќи на целосно повлекување на Израел од палестинската територија уништена од 15-месечната војна.

„Саудиска Арабија го поздравува договорот за прекин на огнот во Појасот Газа, како и напорите на Катар, Египет и САД во врска со тоа. Кралството ја нагласува важноста на придржување до договорот и да се стави крај на израелската агресија во Газа и целосното повлекување на израелските окупациски сили од Појасот Газа и од „сите други палестински и арапски територии“, се вели во соопштение на Министерството.

Катар, САД и Египет вчера објавија дека е склучен договор за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците, по повеќе од 15 месеци војна меѓу Израел и Хамас, која доведе до смрт на десетици илјади луѓе во палестинската енклава

Back to top button
Close