Роберто Кавали стана татко на 82 години, му роди син 45 години помладата девојка

Модниот дизајнер Роберто Кавали (82) и неговата партнерка, 38-годишната шведска манекенка Сандра Бергман станаа родители на момче.

Имено, ова му е шесто дете на италијанскиот дизајнер. Момчето ќе се вика Џорџио, како таткото на легендарниот Кавали.

„Детето се роди минатата недела во Фиренца. Тој е здрав и прекрасен. Ме обземаа емоции кога го видов. Му го дадовме името Џорџио, по мојот татко кој го убија нацистите, кога јас имав само четири години“, раскажал Кавали.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close