Родилката чие бебе почина во Битолската болница, сѐ уште не добила отпусна листа и се сомнева во обдукцискиот наод

Таа и претходно се огласи по трагичниот настан, односно, веднаш по породувањето во битолската болница, на социјалната мрежа Фејсбук објави статус во кој ја раскажа нејзината страна на приказната, тврдејќи дека имала здрава бременост, но тешко и насилно породување

Родилката од Битола, Викторија Крстеска, чие бебе почина на гинеколошкото одделение во Битолската клиничка болница, на Фејсбук реагира дека и по две недели, се уште ја нема добиено отпусната листа, иако тоа требало да биде направено веднаш откако го напуштила објектот. Тоа, вели таа, отвора дополнителен сомнеж дека нешто се крие во врска со нејзиниот случај.

Крстеска раскажува дека вчера отишла да го побара отпусното писмо, но не добила одговор зошто се уште го нема.

„Ете јас после 12 дена се уште немам отпусно писмо. Се уште мојата историја ја нема. Као технички си испишана, а документ од мене нема??? Никаде? И нема мучканици? Или народски речено, ‘Чекај да се погодиме на смена заедно, напрајвме шо напрајвме, дај шо да напишиме да се извајме, да налепиме друг или да напрајме се да е подмачкано?’“,пишува Крстеска на својот фејсбук профил.

Таа посочува дека се сомнева и во обдукцискиот наод кој според неа може да биде наместен, а додава и дека не очекува брзо да го добие, иако било наложено тој да биде изработен во најбрз можен рок.

„’О’ од обдукција во следните две недели нема да има, зошто? Па, сигурно се на одмор ‘) .. иако е наредено да се направи да е во најбрз можен рок. Или пак ќе ме вртите исто како што ми нудевте брда и долини за побрзо да ме истерате од болницата. Јасно е дека има позадина, барем бидете храбри и признајте. Дури сум жива ќе ве гонам сите кои згрешивте за смртта на моето бебе. Ќе се борам до крај!“вели Крстеска.

Таа и претходно се огласи по трагичниот настан, односно, веднаш по породувањето во битолската болница, на социјалната мрежа Фејсбук објави статус во кој ја раскажа нејзината страна на приказната, тврдејќи дека имала здрава бременост, но тешко и насилно породување.

На крајот од својата објава таа обвини дека „го убиле бебето поради его, надменост и непрофесионализам“ и рече дека парична казна за ова е смешна и оти нема да се откаже додека одговорните не сносат одговорност.

Исповед на родилката која го загуби бебето во битолската болница: Викав, кревајќи ја болницата од болки, и молев за резЗа случајот Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) изврши и вонреден надзор од каде изрекоа прекршочна за еден гинеколог, за одговорното лице во болницата и за болницата како правно лице. Од ДСЗИ го објавија извештајот направен од увидот во медицинската евиденција и документацијата, како и од изјавите дадени од гинеколозите и акушерите, но најавија дека во врска со стручниот дел од лекувањето и третманот на родилната и починатото новороденче ќе иницираат стручен надзор.

Прекршочни пријави за битолскиот гинеколог, болницата и директорот поради смртта на новороденчето, најави ДСЗИ

Back to top button
Close