Родители во одбрана на синот за неносење маска им се заканиле на полициски службеници

– Против две лица на возраст од 40 и 43 години Основното јавно обвинителство – Битола поднесе предлог за издавање казнен налог за кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираа од ОЈО – Битола. 

– На 20.10.2020 година, на пазарот во Битола, двајца полициски службеници се обиделе да легитимираат лице кое не носело лична заштита на лицето. Тој одбил да се легитимира. Во тој момент дошле неговите родители кои го повлекле назад и започнале да им се закануваат на полициските службеници, соопштија од битолското Обвинителство. 

Јавниот обвинител за двајцата обвинети предложи Судот да изрече условна осуда со утврдување на казна затвор од по три месеци која нема да се изврши доколку тие не сторат ново кривично дело во рок од една година. 

Back to top button
Close