Родова еднаквост „а ла Путин: Мобилизирал 300.000 жени во обид да ги задржи окупираните територии во Украина

Родова еднаквост „а ла Путин“: Откако мажите ги измрзна до смрт, сега ќе мобилизирал 300.000 жени во обид да ги задржи окупираните територии во Украина „Недоволно тренирани, недоволно снабдени, и со амбивалентно водство, дузини Руси во регионот се смрзнуваат до смрт“, пишува „Форбс“, осврнувајќи се и на шокантните видеа на социјалните мрежи. Напоредно со известувањата од фронтот и снимките од социјалните мрежи кои потврдуваат дека голем број руски војници умираат од премрзнатост во Украина, се шират и шпекулации дека Путин има намера да спроведе нова мобилизација по новогодишните празници.
Валериј Соловеј, контроверзен руски аналитичар и поранешен професор на престижниот Институт за меѓународни односи во Москва, тврди дека намерата на Путин е по Нова Година да мобилизира до два милиона војници, вклучително 300.000 жени: „Намерата е да се мобилизираат не 300.000, не 400.000, или 500.000, туку, со среќа, до 2 милиона луѓе, вклучувајќи 300.000 жени, по новогодишните празници“, ја пренесува изјавата на Соловеј Дејли Мејл.

Back to top button
Close