Роналдо повторно надвор од почетниот состав на Јунајтед на дербито со Сити

Кристијано Роналдо не се најде во стартните 11 ма денешниот натпревар на Манчестер јунајтед против градскиот ривал Манчестер сити.

Дербито на 9. коло на Премиер лигата на „Етихад“ стартуваше во 15 часот, а Сити веќе водат со 1:0 со голот на Фоден во 8. минута.

Манчестер сити игра во состав: Едерсон, Вокер, Аке, Аканџи, Жоао Кансело, Гундоган, Де Брујне, Бернардо Силва, Грилиш, Фоден и Халанд.

За Манчестер јунајтед почнаа: Де Геа, Далот, Варан, Мартинез, Маласија, Ериксен, Бруно Фернандеш, Мектомини, Рашфорд, Санчо и Ентони.

Back to top button
Close