РПЦ стравува дека Грција насилно ќе ги протера руските монаси од Света Гора

Руската православна црква стравува дека руските монаси би можеле насилно да бидат протерани од Света Гора, изјави денеска секретарот за меѓуверски односи во Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, Дмитриј Сафонов, пред посетата на вселенскиот патријарх Вартоломеј.

– Посетата на патријархот Вартоломеј на Света Гора е закажана за крајот на мај и најверојатно ќе се совпадне со полициската акција што грчката полиција веќе ја спроведе против монасите од манастирот Есфигмен кои не се согласуваат со политиката на Вартоломеј. Не сакам да кажам дека манастирот Есфигмен е на вистинскиот пат, тоа е друга работа, но тоа беше преседан кога монасите беа насилно преместени од политички причини. И се плашиме дека можеби руските монаси на Света Гора би можеле да се соочат со истата закана, рече Сафонов, пренесува ТАСС.

Тој потенцираше дека Света Гора е под политичка власт на Грција.

Според Сафонов, патријархот Вартоломеј неодамна ја посетил Грција и се сретнал со премиерот Киријакис Мицотакис, од кого, според пишувањата на медиумите, добил согласност да ги протера руските монаси од Света Гора

Back to top button
Close