Рубио: Членството на Украина во НАТО во моментов не е на дневен ред

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека членството на Украина во НАТО во моментов не е на дневен ред, соопшти Стејт департментот.

– Соединетите Американски Држави во моментов не можат недвосмислено да кажат дали Украина би требало да стане полноправна членка на НАТО – изјави Рубио за време на брифинг за новинарите на Исланд.

На прашањето каков е неговиот став за членството на Украина во НАТО и дали Украина би требало да биде членка на Алијансата, тој одговори дека тоа прашање во моментов не е на дневен ред.

– Тука нема одговор „да“ или „не“, освен фактот дека, како што знаете, членството на Украина во НАТО во моментов не е на дневен ред – одговори Рубио.

Тој објасни дека за такво нешто е неопходен процес на постигнување консензус кој бара едногласност, нагласувајќи дека САД, кога станува збор за Украина, во моментов се фокусирани на завршување на војната.

– Јасно ставивме до знаење дека можеме да одиграме одредена улога во завршувањето на оваа војна. Сакаме да одиграме конструктивна улога – додаде американскиот државен секретар.

Back to top button
Close