Русија ја нападна Украина со 147 дронови, соопшти украинското воздухопловство

Русија ноќта ја нападна Украина со 147 беспилотни летала, соопшти денеска украинското воздухопловство.

Беа нападнати неколку украински региони.

Украинските сили за воздушна одбрана уништија 97 беспилотни летала.

Уште 25 дронови не стигнаа до своите цели, се вели во соопштението на украинските воздухопловни сили на апликацијата за комуникација Телеграм.

Back to top button
Close