Русија ја прогласи за непожелна организацијата Транспаренси интернешнл

Руското државно обвинителство ги прогласи за непожелни активностите на Транспаренси Интернешнл (ТИ) во Русија, соопшти денеска прес-службата на обвинителството.

„По разгледувањето на пристигнатите материјали, државното обвинителство на Руската Федерација донесе одлука активностите на Транспаренси Интернешнл, со седиште во Берлин, да ги прогласи за непожелни на територијата на Руската Федерација, бидејќи со оваа организација управуваат странски државјани“, се наведува во соопштението.

Според руските истражители, „активностите на оваа организација очигледно ги надминале декларираните цели и задачи“.

Back to top button
Close