Русија ќе одржи воена вежба која ќе вклучува управување со нуклеарни оружја

Руското министерство за одбрана најави дека ќе одржи воена вежба која ќе вклучува управување со нуклеарно оружје, пренесува Ројтерс.

epa10336061 Russian President Vladimir Putin delivers a speech at the 10th National Congress of Judges, in Moscow, Russia, 29 November 2022. EPA-EFE/SERGEY GUNEEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

„За време на вежбата ќе бидат спроведени активности со цел вежбање на подготовка и употреба на нестратешко нуклеарно оружје“, стои во соопштението на министерството.

Министерството изјави дека вежбата била наредба на рускиот претседател Владимир Путин.

Според министерство, целта на вежбата е да се зголеми способноста на руската на војска да го обезбеди „територијалниот интегритет и суверенитет на руската држава како одговор на провокативните изјави и закани на одредени западни функционери против Руската Федерација“.

Иако во соопштението не се прецизира кои се тие изјави и закани од западни лидери, најверојатно станува збор за изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон, кој неколкупати има изјавено дека е подготвен да прати француски војници да се борат во Украина – став од кој се оградија неколку европски лидери.(Мета)

Back to top button
Close