Русија најави повлекување на војниците од регионот Харков ради коцнентрација на силите во Доњецк

epa10173788 A handout still image taken from handout video provided by the Russian Defence ministry press-service shows military vehicles of the 

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека ги повлекува силите од две области во украинската област Харков, каде што украинската контраофанзива постигна значителен напредок во текот на изминатата недела.

Портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков изјави дека војниците ќе бидат прегрупирани од областите Балаклија и Изјум во регионот на Доњецк.

Изјум беше главната база на руските сили во регионот Харков.

Конашенков рече дека потегот е преземен „со цел да се постигнат наведените цели на специјалната воена операција за ослободување на Донбас”, еден од регионите во источна Украина.

Тврдењето за повлекување заради концентрација во Доњецк е речиси идентично со објаснувањето дадено од Русија за претходното повлекување на нејзините сили од регионот на Киев, пренесува Бета.

Back to top button
Close