Русија побара намалување на дипломатскиот персонал во Амбасадата на Словенија во Москва

 

Вршителот на работите во словенечката амбасада во Москва бил повикан во руското Министерство за надворешни работи, каде му била врачена нота со која се бара намалување на бројот на вработени во амбасадата за четири лица, соопшти руското МНР.

Во соопштението на Министерството стои дека како одговор на „непријателските” чекори претходно преземени од Љубљана преку намалување на персоналот во руското дипломатско претставништво и влошувањето на условите за негова работа, на словенечкиот дипломат му била врачена нота со која се бара во рок од десет дена за четворица службеници да го намали дипломатскиот персонал на Словенечката амбасада во Москва.

„По принципот на реципроцитет донесена е одлука за корекција на условите за работа на словенечкото дипломатско претставништво, со оглед на ситуацијата во која се најде нашата амбасада во Љубљана”, додаваат од руското Министерство.

Словенечките власти на 5 април донесоа одлука за изедначување бројот на вработени во руската амбасада со бројот на вработени во словенечката амбасада во Москва.

Back to top button
Close