Русија: Уапсен украински агент поради план за саботажа на Крим

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) уапси агент на украинската служба за безбедност на Крим, поради тоа што, наводно, планирал да подметне бомби на објекти на руската енергетска мрежа.

„Федералната служба за безбедност спречи акт на саботажа, што го смислија украинските специјални служби, на објект на енергетската инфраструктура на Крим“, соопшти прес-службата на ФСБ, јавија руски медиуми.

ФСБ информира и дека уапсениот 44-годишен украински државјанин, кај кого се пронајдени три експлозивни направи и детално упатство со мапа каде се обележани енергетските објекти, е одведен во притвор на понатамошно испрашување.

Back to top button
Close