Русија уништи пратка оружје што Западот и ја достави на Украина

 

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руските сили уништиле голема пратка оружје што Западот и го доставил на Украина.

„Ракетите со калибар со долг дострел „Калибр” со висока прецизност, лансирани од морето, уништија голема пратка оружје и воена опрема”, се наведува во соопштението.

Пратката била испорачана од САД и европските земји во близина на железничката станица Малин, во регионот Житомир, на северозападот од Украина, наведе руското МО.

Back to top button
Close