Русите утрово ја ракетираа Одеса

Русија утрово извршиголем ракетен напад врз Одеса јавуваат светските медиуми

.

Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски и шефовите на регионалните администрации ги потврдија нападите врз критичната инфраструктура во Одеса и Дњепар.

Локални функционери рекоа дека во Киев и Дњепар работат системите за противвоздушна одбрана со цел соборување на проектили.

Според неофицијални информации, експлозии се слушаат и во неколку други градови, кои најверојатно потекнуваат од системот за противвоздушна одбрана.

Познавачите претпоставуваат дека се работи за уште еден напад врз украинската енергетска инфраструктура.

-Непријателот мисли дека ќе ја ослабне нашата одбрана со удар на енергетската инфраструктура. Тоа е наивна тактика на кукавици и губитници, но ние сме подготвени на тоа – изјави шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак.

Украинската агенција Интерфакс, повикувајќи се на украинскиот премиер Денис Шмихал, jави дека Русија утринава ја гаѓа украинската инфраструктура за производство на гас и фабриката за ракети.

Back to top button
Close