Руска блогерка обвинета за шпионажа бара азил во Албанија

Руската блогерка Светлана Тимофеева (34), која беше уапсена минатиот август во Албанија под обвинение за шпионажа, поднесе барање за азил во обид да избегне екстрадиција бидејќи се плаши од прогон во Москва, рече нејзиниот адвокат Исуф Шеху.

Тимофеева е уапсена заедно со уште еден Русин и Украинец под обвинение дека влегле во првата комунистичка воена фабрика „Грамш“, на околу 80 километри од албанскиот главен град Тирана, објави Ројтерс.

Тимофеева рече дека фабриката е напуштена и дека нема знак дека се работи за воен објект и дека луѓето и животните слободно влегуваат и излегуваат. Таа изјавила дека единствената причина поради која ја посетила областа била нејзината желба да снима напуштени згради од ерата на Студената војна.

Адвокатот рече дека рускиот државен обвинител е на црната листа во западните земји, како и во Албанија, а Тимофеева бара азил бидејќи отворено го критикувала рускиот претседател Владимир Путин за инвазијата на Украина. Обвинителството во Албанија нема факти кои би ја инкриминирале Тимофеева под обвинение за шпионажа, бидејќи таа само фотографирала стари и уништени згради, рече Шеху.

 

Back to top button
Close