Руска ракета погоди воен полигон во Украина, има повеќе загинати и повредени

 

– Повеќе лица загинаа кога руска ракета погоди воен полигон во Украина, на повеќе од 100 километри од линијата на фронтот, соопштија денеска украински воени претставници.

„Нападот во саботата ги погоди припадниците на единиците на воениот полигон во областа Дњепропетровск“, изјави главниот командант на украинските сили, Олександр Сирски.

„Како резултат на нападот на балистичка ракета ‘Искандер-М’ со фрагментирана муниција, има мртви и повредени“, додаде Сирски.

Официјални податоци за бројот на жртви не се објавени.

Back to top button
Close