Руската авијација доби нови ловци Су-34

Руските воздушни сили добија нови ловци Су-34, а до крајот на годината ќе добијат уште една серија авиони, соопшти прес-службата на руската влада, цитирајќи ја изјавата на генералниот директор на Обединетата корпорација за производство на авиони (ОАК) Јуриј Сљусар.

– Произведовме и испорачавме авиони Су-34 на Министерството за одбрана на Русија. Тие се многу сигурни ловци. До крајот на годината, вооружените сили на Русија ќе добијат уште една серија авиони кои сега се во производство, рече тој.

То, исто така изјави дека ОАК продолжува да ги исполнува сите барања за да ја достави потребната воздухопловна опрема на вооружените сили на Русија.

– Без оглед на притисокот на Западот врз руската индустрија, главните задачи на одбранбено-индустрискиот комплекс, како што се проширување на производството, забрзување на темпото на работа и зголемување на обемот на производство, се реализираат, додаде Сљусар.

Компанијата ОАК, која е дел од Ростех, ги исполнува сите барања за авиони пред договорениот рок, а вооружените сили на Русија ќе добијат нова високоефикасна авијациска опрема”, изјави во меѓувреме рускиот министер за трговија Денис Мантуров

Back to top button
Close