Руската верзија на франшизата Мекдоналдс денеска го отвора првиот ресторан во Москва

 Првиот ресторан на руската верзија на синџирот Мекдоналдс се отвора денеска во Москва, откако американскиот синџир за брза храна ја напушти земјата и го продаде својот имот во Русија.

Во и околу Москва ќе се отворат 15 продажни места, под ново име и лого, но на истите локации, со ист персонал и речиси идентични понуди за храна.

По повеќе од 30 години, Мекдоналдс во март ги затвори своите руски ресторани, како одговор на инвазијата на Русија врз Украина.

Синџирот вработуваше повеќе од 62.000 лица во цела земја. Некои ресторани на аеродромите и железничките станици засега ќе продолжат да работат под официјалното американско лого поради посебните договори што не е лесно да се раскинат.

Нов сопственик на франшизата сега е Александар Говор, кој од 2015 година има лиценца за 25 ресторани на Мекдоналдс во Сибир.

 

Ruska verzija McDonald'sa otvara prvu poslovnicu u Moskvi, ovo joj je logo

Тој ќе ги откупи сите 825 локации на Мекдоналдс низ целата земја и тврди дека има намера повторно да ги отвори сите во рок од два месеци.

Отворањето на руската верзија на Мекдоналдс во последните денови предизвика голема дебата на руските социјални мрежи. Државниот весник „Росискаја газета“ посвети цела страница на „рускиот Мекдоналдс“.

Високиот интерес за темата постои делумно поради историското значење на Мекдоналдс во земјата.

Отворањето на првата филијала на американскиот синџир за брза храна во 1990-тите, пред која се формираа редици долги 500 метри, тогаш беше знак за промените во земјата.

Back to top button
Close