Рускиот заменик министер за одбрана, Иванов, уапсен под сомнеж дека примал поткуп

Рускиот заменик министер за одбрана, Тимур Иванов е уапсен под сомнение за корупција, соопшти синоќа Рускиот истражен комитет.

-Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Иванов е уапсен поради сомнение дека сторил кривично дело од член 6 од член 290 од Кривичниот законик што се однесува на примање поткуп, се наведува во соопштението на Комитет без дополнителни детали.

Ова кривично дело може да резултира со голема парична казна или затворска казна од повеќе од десет години, во зависност од тежината на делото.

Иванов е цел на санкции од Европската Унија, како висок функционер на Министерството за одбрана одговорен за изградба на воени објекти.

Антикорупциската фондација, основана од починатиот опозициски лидер, Алексеј Навални, објави извештај за коруптивните зделки на Иванов уште во 2022 година. Според таа истрага, заменик министерот ги надгледувал и профитирал градежните проекти во Мариупол, Украина, град кој падна под руска контрола по повеќемесечна опсада.

Back to top button
Close