Русковска: Камчев имаше доверба во мене и постигнавме спогодба

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во гостување на српската телевизија „Хепи“, зборувајќи за својата работа ја споменува спогодбата склучена со бизнисменот Јордан (Орце) Камчев во „Империја“ велејќи дека до неа дошло и со оглед на тоа што тој имал доверба во неа.

Случајот таа го споменува одговарајќи на прашањето: „Подигна обвиненија против најмоќните и најугледните луѓе во Македонија, тоа се и бизнисмени, шефови на тајни служби, високи владини функционери. Дали имаше страв од тоа, ти се закануваше некој, ти испраќаше непристојни понуди?“, при што одговара:

„Македонија е мала држава, се знаевме од порано и со едните и со другите. Како што јас нив ги познавав, ме познаваа и тие мене и знаеја дека и да има непристојни понуди, јас тоа немаше да го прифатам. Имаа доверба во мене. Еве, да речеме, бизнисменот Јордан (Орце) Камчев имаше доверба во мене, постигнавме спогодба. Во државниот буџетот уплати 5 милиони 200 илјади евра на име затајување данок и доби една година ефективен затвор. Досега во Македонија тоа не се случило некој да каже ‘д,а јас сум крив, колку треба да платам?’. По експертизата што беше направена во евра беше околу 5,2 милиони евра. Човекот уплати и потпишавме спогодба. Но, не потпишавме спогодба пред да легнат парите“.

Русковска во телевизиското гостување зборува и за случајот „Рекет“ велејќи дека и Европа и САД биле изненадени од отворањето на предметот против поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, во кој обвинет, а сега и правосилно осуден е и Бојан Јовановски – Боки 13.

„Стануваше збор за чиста злоупотреба на службената положба. Преку неа, нашата, па и ваша естрадна ѕвезда Боки-13 буквално рекетирал луѓе и им зел огромни суми пари. Таа му зборувала за предметите, против кого кој предмет е …“, ја раскажува Русковска теоријата на обвинителството за случајот „Рекет“,

тврдејќи дека и Катица Јанева делела пари со Бојан Јовановски.

Целото гостување на Русковска на српската телевизија „Хепи“ можете да го погледнете ТУКА.

Back to top button
Close