Русковска – Пред малку добив решение дека сум суспендирана

Шефицата на ОЈО за организиран криминал Вилма Русковска потврди за Либертас дека пред малку добила решение за суспензија од работното место потписано од Републичкиот јавен обвинител.

Републичкиот јавен обвинител. Русковска не сакаше повеќе да коментира освен дека ќе го чека крајниот исход. Очигледна беше нејзината резигнираност од овој потег на нејзиниот шеф, Републичкиот јавен обвинител  Јовевски, но сепак, не сакаше дополнително да коментира .

Суспензијата следи по дисциплинската постапка која ја побарал Јовевски кој доставил предлог и доази до комисијата за несоодветна постапка во случајот со претресот во управата за финансова полиција.

. Обвинителот Јовевски бара одговорност од трите обвинителки Русковска, Јосифовска и Трајчева кои го извршиле претресот во финансовата полиција и за кој директорот Арафат Муареми поднесе кривична пријава за трите обвинителки кои незаконски, тенденциозно, го направиле претресот и го нарушиле угледот на институцијата.

 

 

Back to top button
Close