Руте: Не сме подготвени за тоа што го подготвува Путин
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, предупреди дека Алијансата не е подготвена за заканите со кои ќе се соочи од Русија во наредните години и дека е време да се префрли на воен модел на размислување.
Руте денеска изјави дека за време на Студената војна членките на НАТО трошеле повеќе од три отсто од својот БДП за одбраната и утврди дека идните трошоци ќе мора да бидат многу повисоки од сегашните два отсто што ги пропишува Северноатлантскиот договор за своите членки.
-Русија се подготвува за долгорочна конфронтација, со Украина и со нас, рече Руте за време на говорот во Брисел.
„Не сме подготвени за она што доаѓа за четири до пет години од сега“, рече генералниот секретар на НАТО, додавајќи дека е „време да се префрлиме на воен начин на размислување и драстично да го зголемиме нашето одбранбено производство и трошоците за одбрана“.
Тој, исто така, рече дека НАТО мора да биде јасен за амбициите на Кина и предупреди дека Пекинг значително ги зголемува своите сили и го малтретира Тајван.
Руте, на крајот од говорот, рече дека во моментов безбедносната ситуација е „најлошата во мојот живот