Руте: Војната во Украина може да трае долго, Западот да продолжи да ја поддржува земјата
„Оваа војна може да трае подолго отколку што очекувавме и се надевавме. Но, тоа не значи дека ќе останеме со скрстени раце и ќе гледаме како се одвива од страна. Мораме да останеме фокусирани и да продолжиме со нашата поддршка на секој начин“, рече Руте денеска на прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Руте ги посети и Буча, Ирпин и Бородјанка – три града во регионот на Киев кои беа окупирани од руските сили на почетокот на војната и станаа симбол за злосторствата извршени таму.
Холандскиот премиер најави и испорака на нови артилериски системи со долг дострел, како и финансиска помош за Украина во износ од 200 милиони евра.
Ова е прва посета на Руте од почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари.
По средбата со него, Зеленски на Телеграм ги поздрави „конструктивните“ разговори што ги имал со Руте и се заблагодари на Холандија, за која напиша дека е „дел од првите топ 10 пријатели на земјата“