САД го потврдија првиот тежок случај на птичји грип кај човек


Американските центри за контрола и превенција на болести (CDC) објавија дека пациент со тешка форма на птичји грип H5N1 бил хоспитализиран во Луизијана. Ова е првиот познат таков случај во САД.

Специјалистите не очекуваат зачестеност на вакви случаи во САД, но предупредуваат дека H5N1 може да предизвика смртни последици, како што е забележано во други земји оваа година.

Прелиминарните геномски анализи укажуваат дека вирусот припаѓа на генотипот D1.1, кој неодамна е идентификуван кај птици во САД, Канада и други региони. Во САД досега се регистрирани 61 случај кај луѓе од април наваму, а овој е првиот случај поврзан со домашно, нетрговско одгледување птици.

Back to top button
Close