САД го поздравија договорот помеѓу Белград и Приштина за регистарските таблички

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс изјави дека САД го поздравуваат постигнатиот договор меѓу Белград и Приштина за регистарските таблички, што се „мерки за да се избегне понатамошна ескалација на тензиите“.

– Го поздравуваме договорот меѓу двете земји, кој целосно и итно ќе ги нормализира односите под покровителство на дијалогот на ЕУ. Го поддржуваме дијалогот со ЕУ како најдобар начин Србија и Косово да имаат европска иднина, посочи Прајс.

Тој додаде дека САД ја поздравуваат одлуката на двете страни да ги стават интересите на луѓето на прво место и да го подобрат квалитетот на секојдневниот живот.

Претставниците на Белград и на Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бисљими синоќа во Брисел постигнаа договор за регистарските таблички.

Back to top button
Close