САД се откажаа од воведувањето санкциите кон Колумбија откако земјата се согласи на условите за депортација на мигранти

Соединетите Американски Држави нема да воведат санкции и царини за Колумбија откако земјата се согласи да ги прифати депортираните мигранти од САД, објави Канцеларијата за односи со јавноста на Белата куќа.

„Колумбиската влада се согласи со сите услови на претседателот Трамп, вклучително и неограничено прифаќање на сите илегални мигранти без ограничување или одложување“,објави Белата куќа.

Во соопштението се додава дека санкциите ќе бидат потпишани само доколку Колумбија не го почитува договорот.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно вчера предупреди дека ќе воведе одмазднички мерки за Колумбија кои ќе вклучуваат царини, санкции и забрана за патување откако јужноамериканската земја одби два американски воени авиони со депортирани мигранти. Ваквиот потег на колумбискиот претседател Густаво Петро, како што изјави Трамп, ја загрозува американската национална безбедност.

Во својата изборна кампања, Трамп вети дека ќе се бори против илегалната миграција, а својот претседателски мандат на 20 јануари го почна со низа декрети за запирање на нивниот прилив во САД.

Back to top button
Close