САД со осуда до Русија за новата кривична пријава против Навални 

САД се длабоко загрижени од ескалацијата на малтретирањето врз Алексеј Навални од страна на Кремљ и постојаното непочитување на човековите права, изјавија во американскиот Стејт департмент. 

Загриженоста произлегува од новата кривична пријава покрената против рускиото позициски лидер и антикорупционер, „за наводно пропагирање екстремизам, повик за тероризам, финансирање екстремистички активности и рехабилитација на нацизмот”, изјави синоќа портпаролот Нед Прајс. 

-Овие тужби можат да резултираат во затворска казна од вкупно 30 години. И само два дена пред да бидат покренати овие скандлаозни обвинувања, апелациски суди во Мисква ја одби последната апелација на Навални. Денешниот ден одбележува 644 денови од неправедното заточеништо на Навални, рече тој. 

Додаде дека „овие трагикомични, цинични споменувања на нацизмот не можат да измамат никој друг надвор од границите на ехо камерата на лаги на руските власти наметнати врз поплуацијата на Русија со помош на цензура и дезинформација, со незаконско малтретирање, прогон и затварање на руските граѓани кои сакаат да ги практикуваат своите човечки права и основни слободи”. 

-Ние уште еднаш се придружуваме на семејството, колегите и подржувачите на Навални низ целиот свет, во повикот за негово итно и безусловно ослобдување, рече Прајс

Back to top button
Close