САД со предупредување до американските граѓани, да бидат внимателни додека патуваат во странство

Стејт департментот издаде итно предупредување до Американците кои патуваат во странство да бидат претпазливи ширум светот.

Безбедносната тревога од Стејт департментот на САД е издадена поради „можноста од терористички напади, демонстрации или насилни дејствија против американските граѓани и интереси“.

„Стејт департментот е свесен за зголемениот потенцијал за насилство инспириран од странски терористички организации против ЛГБТ поединци и настани и ги советува американските граѓани во странство да бидат повнимателни“, се вели во предупредувањето.

Back to top button
Close