САД воведоа санкции кон Иран поради кибер нападот врз Албанија


САД воведоа санкции против иранското Министерство за разузнавање и безбедност и ресорниот министер Есмаил Хатиб, обвинувајќи ги дека се поврзани со кибер нападот врз Албанија.

Во соопштението на американското Министерство за финансии, се наведува дека иранската разузнавачка служба учествува во кибер активности против САД и нивните сојузници, пренесува Радио Слободна Европа.

Потегот на САД доаѓа откако Албанија ги прекина дипломатските врски со Иран во средата. Албанија го обвини Иран за кибер нападот во јули и им нареди на иранските дипломати и персоналот на амбасадата да ја напуштат земјата во рок од 24 часа.

Американското Министерство за финансии во соопштение посочи дека иранското Министерство за разузнавање и безбедност управува со неколку мрежи за кибер закани, вклучително и оние кои се вклучени во сајбер шпионажа и хакерски напади.

„Иранскиот кибер напад врз Албанија ги занемарува нормите на одговорно однесување на мирновременски држави во кибер просторот”, рече американскиот заменик-секретар за финансии Брајан Нелсон

Back to top button
Close