Сагата продолжува: Истрага за тројца вработени во болницата поради медицинската документација на Мидлтон    

Отворена е истрага прорив три лица од раководството на приватната болница во Лондон каде што беше оперирана Кејт Мидлтон. Тие се осомничени дека се обиделе да пристапат до медицинската документација на принцезата, пишува „Дејли мејл“.

Раководството на болницата одбило да одговори на дополнителните прашања од медиунот, но се претпоставува дека сите тројца вработени се суспендирани.

Се верува дека Кејт била информирана за евентуалното нарушување на доверливоста на нејзините податоци, но истрагата сè уште не покажала дека биле загрозени и податоците на кралот Чарлс

Back to top button
Close