“Сакаат да го отрујат, да не се поздравува со никого…” Теоретичарот на заговор Алекс Џонс тврди дека се спрема нов атентат на Трамп
Ултрадесничарскиот американски теоретичар на заговор Алекс Џонс, се враќа на сценатс, овој пат тврдејќи дека на Доналд Трамп му се спрема нов атентат.
Тој наведува дека бројните воени операции веќе укажуваат на постоење на сериозни закани, вклучувајќи софистицирани воени експлозиви и организирање на повеќе снајперисти.
-Ќе се обидат да го отрујат Трамп или да му го кренат авионот во воздух. Труењето е главната работа на која треба да внимавa. Не смее да се поздравува со луѓе, бидејќи тие можат да користат лажни ракавици со отрови како чист фентанил, кој може да убие за десет минути преку кожата – предупреди Џонс.
Тој тврди дека добил информации од искусни команданти на специјални формации, кои не ги именува.
Тој додаде дека многу од овие извори не сакаат да се појавуваат јавно, но некои од нив вечерва ќе зборуваат во неговата емисија.
– Многумина од нив тврдат дека атентатот на Трамп бил внатрешна работа, со повеќе стрелци. Според повеќе извори, вклучително и Џек Пособик, кој има сигурни извори од федералните агенции, во автомобилот и домот на осомничениот Крукс биле пронајдени софистицирани воени експлозиви. Имал помош, имал офшор сервери и користел дрон пред почетокот на релито. Овој човек бил само камуфлажа– додаде Џонс
Инаку во ноември 2022 судот во Конектикат го осуди Алекс Џонс за клевета и мораше да плати отштета од 965 милиони долари поради лажните тврдења дека масакрот во училиштето „Сенди Хук“ во 2012 година бил измислица.
Со 20 убиени деца и шестмина возрасни, нападот во „Сенди Хук“ е еден од најкрвавите масакри во училишта во историјата на САД. Алекс Џонс преку своите емисии и порталот „Инфоворс“ ширеше теории дека „никој не загинал“ и дека „масакрот бил „наместен“ од властите за да го искористат „за да им го одземат оружјето на Американците.