Сали за „Фокус“: Директорите си дадоа оставки поради скандалите на нивните клиники

По барање на министерот за здравство Беким Сали денеска оставка од директорските позиции си дадоа директорката на скопската Детска клиника, Аспазија Софијанова и првиот човек на Онколошката клиника, Нино Васев.

Според информациите до кои дојде „Фокус“, двајцата директори биле на разговор во Кабентот на Сали, каде било побарано од нив да си поднесат оставки, бидејќи во спротивно секако ќе бидат разрешени од функциите.
Тоа била и првичната причина зошто двајцата први луѓе на скопските клиники веднаш се соогласиле на таквата можност.

„Фокус“ го контактираше и актуелниот министер, кој во изјава ни потврди дека оставките се дадени по негово барање.

„Во последниот период и на двете клиники имаше доста скандали поврзани со работата на директорите и поради тоа мораше да се преземе ваков чекор.

На тој начин се создадоа и сомнежи околу нивната работа и затоа тие денес си поднесоа оставки и на нивно место ќе бидат назначени нови директори“, вели Сали.

Back to top button
Close