Саливан: САД, Израел, Египет и Катар се договорија за „основните контури“ на договорот за заложниците

Соединетите Американски Држави, Израел, Египет и Катар постигнаа договор за „основните контури“ на договорот за заложниците и привремен прекин на огнот во Појасот Газа, изјави денеска за Си-Ен-Ен советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

„За договорот сè уште се преговара“, рече Саливан, додавајќи дека се планирани индиректни разговори со палестинското исламистичко движење Хамас, а како посредници ќе бидат Катар и Египет.

Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека се уште е нејасно дали тековните разговори ќе доведат до договор.

Во интервју за Си-Би-Ес Њуз, Нетанјаху рече дека подоцна денеска ќе се сретне со неговиот тим за да разговара за воениот план за евакуација на палестинските цивили во Газа и операцијата за уништување на преостанатите формации на Хамас.

„Ако имаме договор, тој ќе биде малку одложен, но тоа ќе се случи. Ако не се постигне договор, сепак ќе го направиме“, рече израелскиот лидер

Back to top button
Close