Сар: Во интерес на Велика Британија е пораз на радикалните исламисти на Блискиот Исток
– Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар изјави дека во интерес на Велика Британија е радикалните исламисти да бидат поразени на Блискиот Исток, нагласувајќи дека израелската борба против екстремистичките групи е заеднички предизвик за западната демократија.
Во интервју за време на посетата на Велика Британија, Сар изјави дека односите меѓу Израел и Британија се уште се силни, но дека има несогласувања, пишува британски „Телеграф“.
„Имаме отворени дискусии, а понекогаш и несогласувања, но пријателството со Велика Британија е важно“, рече тој, додавајќи дека британските власти треба подобро да ја разберат реалноста во која фунцкионира Израел.