Трамп на три медиуми им забрани пристап до Белата куќа поради „континуирано ширење лажни вести“

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска соопшти дека им забранил пристап до Белата куќа на во петокот објави дека издал забрана од Белата куќа за телевизиските мрежи Си-ен-ен (CNN) и Ем-Ес Нау (MSNOW) и за порталот Политико.
Трамп на „Трут соушл“ објави дека веднаш им забранува на Си-ен-ен и Ем-Ес Нау и Политико пристап до Белата куќа поради нивното континуирано ширење лажни вести.
– На медиумите не треба да им се дозволи постојано да објавуваат или известуваат ИЗМИСЛИЦИ и ЛАГИ кога известуваат за претседателот на САД, администрацијата на Трамп или САД, наведе Трамп.
Тој посочи и дека ќе бидат забранети и други медиуми „кои шират лажни информации“.






