Сарач преку фб обвинува, ИВЗ молчи
Дури ни две реченици на турски јазик не беа прочитани, јавно реков: Кажете барем две реченици на турски. Ова е реакцијата на Ердоган Сарач претседател на Движењето за национално единство на Турците во Македонија по вчерашната молитва во една од гостиварските џамиии. Тој како што посочи за непочитување на турскиот јазик во ИВЗ јавно се обрати преку социјалната мрежа Фејсбук.
Дел од верниците беа очигледно вознемирени од игнорирањето на турскиот, мајчин јазик на многумина во регионот, и официјален јазик во Исламската верска заедница на Македонија.Јас ги опоменав имамите за употреба на турскиот јазик уште за време на молитвата во џамијата, но ништо не се случи. Ситуацијата дополнително се вжешти откако еден имам изјави дека ‘овде има само месојади’, на што реисот не реагираше. Tаквиот молк ја легитимира дискриминацијата. Нема да присуствувам на следната покана од ИВЗ. Ова не може да биде случајност. Го одбиваме секое понижување на нашиот јазик. Турскиот е службен јазик во ИВЗ, и тоа мора да се почитува“, напиша Сарач.
Од ИВЗ засега без коментар на обвинувањата на Ердоган Сарач.