Сатиричното издание „Онион“ на аукција го откупи „Инфоварс“


Сатиричното издание „Онион“ на аукција што се одржа денеска ја купи целата сопственост на „Инфоварс“, веб-сајт основан од Алекс Џонс, теоретичар на заговори.

Во 2022 година Џонс од суд беше казнет да исплати повеќе од една милијарда долари оштета на семејствата на децата загинати во масовното пукање во основното училиште Сенди Хук во Конектикат. Во масакрот кој се случи во 2012 година загинаа 20 деца и шестмина возрасни.

Во текот на годините по тоа, Џонс тврдеше дека масакрот бил исцениран од активисти кои се борат за укинување на правото на Американците да носат оружје. Поради ова, семејствата на загинатите деца беа со години вознемирувани и психолошки малтретирани од лица кои веруваа во тврдењата на Џонс.

Во соопштение за јавност за преземањето, изданието „Онион“ изјави дека „целта е да се оконча со неуморниот бараж од дезинформации на Инфоварс, во име на продажба на некои додатоци и замена со неуморниот бараж на добар хумор од Онион“.

Условите на договорот не беа откриени. Адвокат кои ги претставуваше семејствата изјави дека тие го подржувале преземањето. Everytown for Gun Safety, невладина за превенција на оружено насилство потпишала договор да рекламира на повторно отворениот веб-сајт.

Џонс кој беше исфрлен од своето долгогодишно студио се пожали дека правилата на аукцијата биле променети во последниот ден. Тој очекуваше дека на аукцијата ќе победат десничарски спонзори кои ќе му овозможат да продолжи со работа.
Како и да било тој вети дека ќе продолжи со своите активности.

Back to top button
Close