Schuster – Трендовски дизајн, врвен квалитет, македонски производ!
Секоја успешна приказна настанува со истрајност, но и со негување на традицијата и квалитетот.
Една таква успешна приказна е спојот на семејната традицијата со предизвиците на новото време, но со негување на квалитетот модерниот стил по европски стандарди.

Скромните почетоци датираат уште од 1885 со развојот на занаетчиството и чевларскиот занает во Македонија, со изработка на оригинални, рачно изработени обувки.
Усовршувањето на кондураџискиот занает и пренесувањето на занаетот од колено на колено, беше инспирација да се отвори првата кондураџиска работилница во Куманово во 1896 година.
Со развојот на новата ера и следењето на трендовите, во 1919 година, за првпат се воведени машина за изработка на обувки, што доведе до оптимизирање на процесот на изработка на најдобрите чевли во тоа време.
Во педесеттите години, со менувањето на трендовите и модернизацијата на продавницата, се модернизираа и моделите, со што нашите чевли беа едни од најбараните во тогашна Југославија.
По многубројните успеси и награди, во деведесеттите години настанува денешниот бренд Schuster.
Спојот на традицијата и зачувувањето на квалитетот е нашиот мотив да растеме и да се развиваше. Секојдневно ги следиме светските трендови и нашите модели ги прилагодивме да бидат конкурентни на пазарот.
Најнапред започнавме со изработка на машки елегантни обувки, кои се изработени од удобна, мека кожа. Моделите се прв избор на модерните мажи, кои се во секојдневно движење. Стилски дизајнирани и лесни да се прилагодат на сечии стил и вкус.
Секојдневното менување на модата и трендовите изискува и постојано менување на нашите дизајни, но секогаш се водиме со девизата на удобноста.
Обувките на Schuster се изработени од висококвалитетни материјали, од природна, мека кожа, по европски стандарди.
Поседуваме голем избор на модели, дури и за најпребирливите, секојдневно ги модернизираме и усовршуваме.
Најмногу сме горди на тоа што нашиот бренд е автентичен македонски производ, кој ги задоволува сите вкусови, а сепак по пристапни цени за сечии буџет.
Најголемата желба на секоја жена е да поседува голем избор на обувки. Но, не секојпат сите се удобни. Посебно оние со високи потпетици.
Со обувките на Schuster на високи потпетици секоја жена би се чувствувала како да чекори со пердуви.
Освен што изработуваме модерно дизајнирани обувки, ги следиме трендовите и кога се работи за дигитализацијата.
Токму затоа, сакаме да бидеме достапни за сите, на секое место и во секое време, со што отворивме и онлајн продавница.



комерцијална објава







