СДК: Арсовска цел месец криела од европските банки и EУ дека ја разрешила раководителката на проектот за пречистителна станица, а не знаела ниту разрешената

Раководителката на проектната единица за пречистителната станица за отпадни води во Скопје од 200 милиони евра, еден месец била разрешена, а за тоа не знаела ни таа, ниту партнерите на проектот, двете европски банки и ЕУ. Од 200 милиони евра вредниот проект, 136 милиони евра се кредит од Европската инвестициска банка (ЕИБ) и од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а 70 милиони евра се неповратен грант од Европската унија.

Според документите на кои се повикува СДК, раководителката на проектната единица Линдита Шакири, која на оваа позиција е од стартот на овој капитален проект, на 18 мај добила решение од в. д. директорот на „Водовод и канализација“ Драган Илиевски дека уште на 20 април е разрешена од позицијата. За оваа одлука не биле консултирани ниту информирани Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Тие како финансиери треба да дадат мислење и да го одобрат секое разрешување или ново именување на членови на проектната единица која го спроведува проектот. Но, не само што не го одобриле, туку не ни знаеле за разрешувањето. Тоа го дознале од раководителката која по службена должост им испратила е-пошта на соработниците од банките, во која ги информира дека веќе не е дел од проектот, како и дека службената е-адреса со информации и податоци за проектот ѝ е избришана.

Раководителката, бидејќи не знаела дека е разрешена, цел месец работела на проектот, дури и го водела состанокот кој бил одржан на 11 мај и на кој присуствувале сите инволвирани, освен претставниците на Градот.

Повеќе

Back to top button
Close