СДК: Десетина дена пред изборите предметите на Груевски и Јанкулоска биле ставени на дневен ред, но две врховни судијки побарале да ги читаат уште малку

Барањата за вонредно преиспитување на затворските пресуди на избеганиот експремиер Никола Груевски и на ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, биле ставени, па тргнати од дневен ред во Врховниот суд, десетина дена пред предвремените парламентрани избори на 15 јули.

Како што СДК дознава од судот, две врховни судијки, кои членуваат во кривичните совети што треба да одлучуваат, побарале време да ги читаат предметите уште малку, иако жалбите Груевски и Јанкулоска ги поднесоа уште пред околу 2 години.

Овие два предмета, од непознати причини за јавноста, уште не се решени. Во Врховниот суд тие поминаа два изборни циклуса, ланските претседателски и годинашните парламентарни избори. Чекале досега кај два претседатела. Првин на дневен ред не ги ставаше сега веќе разрешениот Јово Вангеловски. Точно една година в.д. претседател е врховниот судија Фаик Арслани.

повеќе

Back to top button
Close