СДК: Искусните контролори на летање кои биле надзор на тестирањето од данците се повлекуваат поради политички притисоци да не се изберат најдобрите „ничии деца

Со протестната нота која ја оставиле кај секретарката на директорот, надзорниците на процесот на избор на кандидати на огласот, поддржани со потписи од контролори на летање кои не се назначени на овие места, бараат да бидат вратени по систематизација на нивните основни работни звања и места – само контролори на летање.

„Ако директорот не потпише веднаш најдобрите 8 да заминат на школување во Данска, ние се повлекуваме, па нека проба управниот одбор да најде кандидати за надзор за наредниот оглас. Ние сме овде единствени, сите за еден, еден за сите“, вели претседателот на Синдикатот на контролори на летање Александар Тасевски.

Според него, целата операција на пропаѓање на успешниот оглас оди преку комисијата која го спроведува. Хамиди, Селмани и Крстевски, ги натерале членовите на комисијата да побараат отчет од економскиот оператор од Данска за секој од одбиените 262 кандидати: зошто не поминал, со колку бодови паднал, но и податоци за осумтемина со највисоки оценки – зошто баш тие биле избрани и слично.

Самиот директор Хамиди за САКАМДАКАЖАМ.МК вчера потврди дека Управниот одбор морал да ги знае тие детални податоци, за некој од отпаднатите кој смета дека не бил оценет реално, да не ја тужи Агенцијата. „Дали ќе пропадне огласот не зависи од нас, зависи кога економскиот оператор ќе ни ги прати податоците што ги бараме“, рече Хамиди.

Повеќе

Back to top button
Close