СДК-НЕ ЗАСПИВАЈТЕ, ДА НЕ ТРЕБА ДА КРШИМЕ СТАКЛА.Од Скопје до Софија и назад патувале со автобус кој чадел и лазел…

Не заспивајте, да не треба да кршиме“, си рекле меѓу себе патниците кои на 29 ноември патувале од Скопје за Софија и назад со автобусот на „Македонија сообраќај“. Автобусот чадел по пат, лазел и на крај ги симнал патниците кај Ранковце, по што ги презело патничко возило испратено од компанијата и стигнале дома во 1 по полноќ, наместо околу 22 часот како што било планирано, реагираат патниците кои ја контактираа нашата редакција

фото архива

.Вознемирени од сообраќајките кои се случија во Ласкарци во 2019 (16 загинати) и лани во Бугарија (45 загинати), една од патничките вели дека одлучила да реагира, бидејќи смета оти е очигледно дека никој не врши контрола на превозниците.

Патувањето од Скопје за Софија почнало на 29 ноември во 7 часот, а според превозникот и информациите објавени на нивната интернет страна, пристигнувањето во Софија е во 12:40 по локално време. Во автобусот биле 9 патници, од кои 6 странски државјани.

„Возачот на автобусот во првата фаза од патувањето не развиваше поголема брзина, претпоставував поради влажните коловози. Меѓутоа веќе во Бугарија, во околината на градот Дупница брзината значително се намали и автобусот започна да чади од задниот дел. Паниката се забележа кај сите патници, особено кај нас Македонците, поради неодамнешните трагични настани со автобуски несреќи. Патниците од задниот дел на автобусот се преместија во предниот дел на автобусот. Во тој дел од патот престоеја тунели и угорнини, каде автобусот се движеше со најмала брзина, до моменти на ‘лазење’ по коловозот, сè до целосно гасење на моторот во ризични делови од патот, како во тунелите. Паниката во автобусот стана видлива и сите патници беа на штрек“, вели 36-годишната скопјанка.

Целата сторија прочитајте ја на СДК МК 

Back to top button
Close