СДК- Вјоса Османи и друг пат на Скопскиот аеродром направила сличен инцидент а на вработените на аеродромот од нејзиното обезбедување им се заканувале дека ќе ги избркаат од работa

НА КОСОВСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА ВЈОСА ОСМАНИ НЕ Ѝ Е ПРВПАТ ДА НЕ САКА ДА ПОМИНЕ НИЗ БЕЗБЕДНОСНА ПРОВЕРКА НА КОМЕРЦИЈАЛЕН ЛЕТ, НЕЈЗИНОТО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛО НА ВРАБОТЕНИТЕ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ ДЕКА ЌЕ ГИ ИЗБРКААТ ОД РАБОТАДосега, кога Османи летала со комерцијален лет на „Туркиш ерлајнс“ и „Аустријан ерлајнс“ не ѝ било дозволено да биде изземена од граничната контрола. (Фото: СДК.МК)

 

 

На косовската претседателка Вјоса Османи не ѝ е првпат да направи инцидент на Меѓународниот аеродром Скопје како оној на 1 август, кога при патување со комерцијален лет одбила да го предаде приватниот телефон и рачниот багаж на безбедносна контрола на скенер пред влез во авионот, велат аеродромски извори кои се вклучени во безбедносните процедури во авиосообраќајот, но не се овластени да коментираат.

Слични инциденти имало и кога летала со комерцијални летови  на „Туркиш ерлајнс“ и „Аустријан ерлајнс“, но тогаш не ѝ било дозволено да биде изземена од граничната контрола, затоа што овие компании имаат свои претставници на аеродромот кои се грижат стриктно и без исклучок да се почитуваат законските процедури. Во една прилика, дури авион на „Туркиш ерлајнс“ на редовна линија за Истанбул доцнел час и пол, бидејќи обезбедувањeто на Вјоса Османи се карало со претавникот на авиокомпанијата кој не дозволил авионот да полета без контрола според меѓународните воздухопловни стандарди за цивилен соообраќај.

Целиот текст на СДК.МК

Back to top button
Close