СДСМ: Дали и Муцунски е фатен со рацете во медот со тендерот за храна во училиштата во Аеродром

По нашите јавни обвинувања дека учениците во училиштата на Општина Аеродром останаа без топол оброк и ужинка, градоначалникот Муцунски и директорите на училиштата кои тој ги именуваше, во паника да изнајдат поскоро решение на проблемот, дали можеби се заплеткаа во можни сомнителни тендерски постапки, прашуваат во денешното соопштение од СДСМ.

-Имаме неколку прашања кои бараат одговор околу склучените договори за набавка на храна. Очигледна е недоволната транспарентност во потпишувањето на договорите и спроведувањето на тендерските постапки, односно можните договори во четири очи.

Во име на транспарентноста ги повикуваме директорите на училиштата во Општина Аеродром и градоначалникот Муцунски да ги објават потпишаните договори и спроведените тендери за набавка на топол оброк и ужина во основните училишта.

Муцунски има обврска да одговори, дали постапката е водена според сите регуларности и пропишани законски обвски? Според кои цени и согласно која јавна постапка, родителите ја плаќаат месечната сума за храна? Тоа треба да одговорат Муцунски и директорите кои тој ги именуваше. Дали и тука некој е фатен со рацете во медот? Јавноста очекува одговори на поставените прашања и отворените сомнежи“, соопшти СДСМ.

Back to top button
Close