СДСМ до Љутков: Празните честитки се лицемерие додека го рушите колективниот договор во културата
Комисијата за култура на СДСМ упати остри критики до министерот Зоран Љутков по повод 1 Мај, обвинувајќи го дека неговите политики директно ги загрозуваат правата на културните работници. Според опозицијата, наместо сигурност и доследна примена на колективниот договор, министерството започнало процеси за негово разградување, создавајќи неизвесност во секторот.

Партијата посочи на парадоксот што Љутков, кој во минатото беше активен синдикалец, денес од позиција на министер дејствува против своите поранешни колеги. СДСМ порача дека Меѓународниот ден на трудот не е ден за празни зборови, туку за дела, а моменталните активности на министерството се протолкувани како откажување од основните принципи за заштита на работниците. Културните работници будно ги следат овие процеси и нема да премолчат на игнорирањето на нивните права, се вели во соопштението





