СДСМ го повика обвинителството да реагира за „фашистичкиот наратив“ на Левица

Скопје, 16 јули 2020

Ги осудуваме опасните повици од страна на Левица, обвинителството да реагира, нема толеранција за закани со фашистички наратив.

На денот кога државата, институциите организираа беспрекорно чист изборен ден, политичката партија Левица и нејзини претставници шират говор на омраза и повикуваат на линч на неистомисленици.

СДСМ ги осудува ваквите маргинални политики кои се блиски на фашистичките наративи и концепти.

Денес, Северна Македонија е слободна земја во која владеат закони и никој не смее им се заканува на граѓаните и да помине неказнет.

Правда доаѓа за сите.

Надлежните институции, обвинителството, да преземат мерки, да постапат и да ги санкционираат ваквите срамни изблици на насилен политички израз.

СДСМ и новата Влада силно ќе се спротивстават на каков било обид да се наштети на освоената слобода, граѓаните да бидат спокојни.

Во демократска слободна европска држава како што е Северна Македонија нема место за закани.

Смрт на фашизмот, слобода на народот!

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

 

Back to top button
Close