СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?

Куќниот притвор на Артан Груби истекува на 13 октомври, не затоа што судот го ослободил, затоа што обвинителниот предлог е поднесен на 13 август, а законот вели 60 дена.
Одбраната нуди недвижен имот од 335.707 евра за да му се врати и пасошот. Судот уште не одлучил.
Обвинителството треба да даде мислење.
СДСМ не се меша во работата на судот и обвинителството. Тоа го прави арамијата.
Прво го пречекаа со црвен тепих на граница. Со камери и свечен дочек. Потоа куќен притвор.
Сега рок што истекува и гаранција за пасош. А, од кабинетот на арамијата Мицкоски, тишина.
Арамијата најавува процеси, тужи, суди, пресудува.
Од говорница, од телефон, од телевизија.
Прави филмски акции, запленува 100 тони марихуана пред камери, а пет тони преку граница кон сестринската СНС остануваат без имиња на осомничени.
Следниот ден вели: СДСМ води марихуана-економија. Така рече. Камерата е негова. Границата е негова. Само вината е туѓа.
Сега, кога рокот истекува, кој е крив? Ако утре кажат СДСМ, лагата е спремна уште пред да ја изговорат.
Обвинителниот предлог е од август. Рокот е согласно со законот, кабинетот е нивен, обвинителот е на нивен повик.
Го ослободија Груевски. Го ослободија Латас. Пресудија за спас на Белата палата и ја легализираа корупцијата.
Методот е ист.
Какво му е чувството сега на главниот обвинител околу оваа власт? Што ќе каже?
Пак СДСМ? Или овој пат ќе каже нешто друго? Кој го дочека на црвен тепих?
Кој го работи предметот? Зошто пасошот се враќа со имот, а не со пресуда?
Законот важи за сите, или не важи за никого. Бандата досега го споменува законот само пред камера.
Затоа СДСМ инсистира на Европа. Затоа инсистираме на Лаура Ковеши. Затоа бараме слободно судство и независно европско обвинителство.
Арамијата тоа не го поднесува. Затоа однапред ги осудува преговорите и ги вика коњопој Затоа за Бугарите вели фашисти, па оди на средба.
Чекорите народот веќе ги знае. Бандата не бега од Груби и од камерите. Бега од обвинителот што не е под нивна контрола, на телефон.






